среда, 25. мај 2022. Вести денес: 134
home Познати

АЦА ЛУКАС ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА Неговиот менаџер тврди дека пејачот…

АЦА ЛУКАС ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА Неговиот менаџер тврди дека пејачот…

Српскиот пејач Аца Лукас денеска итно бил примен во болница и задржан е на болничко лекување, соопшти неговиот менаџер Саша Мирковиќ, кој не открива за што точно се работи, туку само рекол дека пејачот многу се исфорсирал со работа во последниов период.

Како што објавија српските медиуми, Аца Лукас останал да лежи во болница за подетални испитувања, додека првиот упат му бил за гастроентерологија, но деталите за неговата дијагноза засега се непознати.

Според менаџерот Мирковиќ, пејачот многу работел во изминатиот период, па можеби уморот е причина за хоспитализацијата.

– Вистина е дека Аца Лукас заврши во болница. Само ќе ви кажам дека тој многу се исфорсира, претходните денови и недели многу работеше – изјавил Мирковиќ.

Најнови вести

Коронавирус