сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Познати

Абрамович купи имот во Израел вреден 65 милиони долари

Абрамович купи имот во Израел вреден 65 милиони долари

Милијардерот Роман Абрамович купи имот во Израел, кој според тамошните медиуми, важи за најскапиот во историјата на земјата. Се наоѓа во елитната населба Херцлија Питуах – северно предградие на Тел Авив.

Абрамович доби израелско државјанство во 2018 година.

Тој платил рекордни 65 милиони долари за својата нова куќа. Во соседството се наоѓаат и резиденциите на некои амбасадори.

„Кусо пред корона-кризата, се склучи најскапиот договор од областа на недвижностите во историјата на Израел… Руско-израелскиот милијардер Роман Абрамович купи имот во Херцлија Питуах за 226 милиони шекели (64,5 милиони долари)”, соопшти агенцијата за недвижности Ифтах вакс.

Имотот зафаќа вкупно 9.500 квадратни метри. Основен дел од сѐ тоа е куќата што од 2006 година му припаѓала на Британецот Алан Хауард – соосновач на компанијата „Бреван Хауард асет менаџмент“. Тој ја купил вилата за девет милиони долари и „потрошил купишта пари за раширување на имотот од 6.500 на 9.500 квадратни метра“ изградувајќи и две нови куќи, проектирани од познатиот архитект Орли Шрем.

Главната куќа е реновирана, но така што се задржал стариот препознатлив стил на градот. На имотот има и тениско игралиште и базен со хидраулична платформа.

Најнови вести

Парламентарни избори 2020