недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Познати

9 илјади лајкови за кратко време: Aнтониа Гиговска во кожни хеланки ги собра симпатиите на социјалните мрежи

9 илјади лајкови за кратко време: Aнтониа Гиговска во кожни хеланки ги собра симпатиите на социјалните мрежи

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска уште со нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“ ги собра симпатиите како од жирито, така и од публиката.

Пејачката не добиваше само пофалби за вокалните способности, туку често добиваше и позитивни коментари за нејзините модни комбинации со кои се претставуваше на сцената во студиото на Пинк.

На нејзиниот Инстаграм профил може да се видат фотографии на кои пејачката позира во разни модни комбинации промовирајќи одредени модни парчиња.

Бидејќи поради короната естрадата не настапува со месеци, многумина од нив во периодот се фокусирани на промовирање на облека, накит, модни додатоци, козметички производи….

Гиговска со цел промоција на патики на еден познат бренд позираше во кафеави кожни хеланки во кои ги истакна своите облини.

Објавата за кратко време достигна повеќе од 9 000 лајкови, а нејзините следбеници и пријатели, како и нејзиното момче Иван Јованов ја описпаа со позитивни коментари.

Локални избори 2021