четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Познати

40 години подоцна, се појавија детали од кралската свадба: Ноќта ја поминале во СОЛЗИ, принцезата си ги пресекла вените

40 години подоцна, се појавија детали од кралската свадба: Ноќта ја поминале во СОЛЗИ, принцезата си ги пресекла вените

Лејди Дијана и принцот Чарлс се венчале во катедралата Свети Павле во Лондон, на денешен ден пред 40 години, и таа венчавка била една од најспектакуларните на сите времиња.

Свабата ја следеле повеќе од 700 милиони луѓе низ целиот свет, и Дајана и Чарлс изгледале пресреќни. Исто како во бајка.

Сепак, вистина е дека нивниот брак беше се, само не бајка.

Нивната љубов била идеална само на почетокот. Подоцна, се покажа дека тие се изневерувале едни со други цело време, па дури и во јавност едвај комуницирале, дејствувајќи несреќно еден до друг.

Нивниот брак е обележан со скандали што следеа еден по друг, и така до 1996 година, кога конечно ја прекинаа врската.

Меѓутоа, сега е откриено дека тие всушност ја поминале ноќта пред свадбата во солзи, иако таа била возбудена од помислата дека тоа е почеток на нејзиниот совршен живот, а тој – затоа што сакал друга.

Имено, нивниот брак бил осуден на пропаст уште од самиот почеток бидејќи Чарлс бил длабоко вљубен во Камил Шенд, која ја повикал вечерта пред церемонијата, што не е изненадувачки со оглед на тоа што, иако многу разговарале по телефон, Чарлс и Дијана всушност не се гледале: се сретнале само 12 пати пред принцот да ја запроси младата убавица. Според одредени медиуми, Чарлс бил неутешен вечерта пред венчавката, и плачел цела ноќ бидејќи се мажел за Дијана, а не за Камил.

Младенците својата прва брачна ноќ ја поминале во замокот на покојниот Лорд Маунтбатен, по што пловеле по Медитеранот со кралскиот брод „Британија“.

По нејзиниот брак, Дијана ја добила титулата принцезата од Велс, војвотка од Корнвол, војвотка од Ротези, грофица од Честер и бароница од Ренфру и роди два сина, принцовите Вилијам и Чарлс.

И покрај нејзината популарност и титулата „омилена принцеза“, Дијана со години била многу несреќна.

За време на бракот, таа се борела со булимија, депресија, па дури и се обидела да си го одземе животот во неколку наврати.

Аферата на Чарлс ја „изеде“, но таа самата била склона кон измама.

Во интервјуто што го даде на својот професор Питер Сетелен во 1992-1993 година. откриени се многу тајни на покојната принцеза. Потоа призна дека е вљубена во член на персоналот, кралскиот полицаец, Бари Манаки. Не само што бил отпуштен кога бил откриен скандалот, туку и загинал во сообраќајна несреќа во 1987 година. Дијана била убедена дека нејзиниот љубовник бил ликвидиран.

Таа, исто така, во интервјуто рекла дека била кај кралицата во 1986 година за да побара помош откако дознала дека Чарлс продолжува да се гледа со Камил. Кралицата одговорила: “Не знам што треба да правите. Чарлс е очаен”. Пред да се сретне со кралицата, таа ги пресекла вените, а за време на бременоста со Вилијам, се фрлила по скалите на Бакингемската палата.

Чарлс и Лејди Ди конечно се разведоа во ноември 1996 година. И Дијана загина во сообраќајна несреќа една година подоцна, под се уште под неразјаснети околности.

Најнови вести

Локални избори 2021