петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Познати

2020 го скрши: Српскиот пејач во еден месец ги загуби мајката и најдобриот пријател, а кога ја дознал вистината за сопругата се онесвестил

2020 го скрши: Српскиот пејач во еден месец ги загуби мајката и најдобриот пријател, а кога ја дознал вистината за сопругата се онесвестил

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ им ги насолзи очите на гледачите откако во емисијата „премиера“ откри тажни моменти од оваа лоша 2020 година.

Имено тој откри дека покрај загубата на неговиот најдобар пријател и менаџер, тој ја загубил и својата мајка, а неговата сопруга останала болна, сето тоа во 2020 година.

-Ова е емисија во која не треба да се зборуваат за лоши работи, но ова беше моја најлоша година во мојот живот до сега, освен што мојата сопруга беше болна, ги изгубив мајка ми и менаџерот кој со мене беше 15 години. Тоа се работи кои на човек му се случуваат ненадејно. Мајка ми за пет дена почина не знаејќи ни како и зошто. На нејзиниот погреб истиот тој човек ми изрази сочувство, а за месец дена почина и тој од коронавирус, вели Пејовиќ.

Тој додава дека тоа било сериозен удар за него и дека верува дека судбината постои, раскажа пејачот со солзи во очите во српската емисија.

Коронавирус