среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 81
home Познати

18 ГОДИНИ ОД СМРТТА: Цеца на гробот на Аркан пристигна со децата, дојде и Софија Ражнатовиќ (ФОТО)

Утрово на новите гробишта во Белград, Цеца Ражнатовиќ, нејзините деца Вељко и Анастасија и многубројни роднини и пријатели, ја одбележаа 18-годишнината од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Софија Ражнатовиќ

Инаку фановите ја поздравија пејачката која повикала и поп, а откако попот отпеал, Цеца дала задуша за починатиот и ги послужила присутните со ракија.

Меѓу присутните биле и Софија, најстарата ќерка на Аркан, која живее во Брисел, таткото на Цеца, Слободан Величковиќ, кумот на Аркан, Борислав Пелевиќ, како и припадници на српската доброволна гарда.

Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград. За време на убиството тој бил во друштво на Миленко Мандиќ – Манда и Драган Гариќ, кои се убиени, но и со поранешниот директор на Комерцијална банка, Љубомир Михајловиќ.

Коронавирус