недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 72
home Познати

17 години беа пријатели на 17-ти пред еден месец заминаа во смрт: Синот на музичарот Мирсад со емотивна порака еден месец по трагедијата

17 години беа пријатели на 17-ти пред еден месец заминаа во смрт: Синот на музичарот Мирсад со емотивна порака еден месец по трагедијата

Пред точно еден месец во тешка сообраќајна несреќа настрадаа музичарот Мирсад Кериќ и српскиот пејач Шабан Шаулиќ, а по тој повод синот од Мирсад напиша емотивна порака на Фејсбук.

Мирсад Кериќ бил голем пријател на Шабан Шаулиќ 17 години, а потоа во Германија се случи тешка сообраќајна несреќа, во која двајцата ги изгубија своите животи.

Од тешката сообраќајна несреќа која се случи пред еден месец, семејството Кериќ никако не може да ја победи болката за изгубениот татко, сопруг и син.

Синот од Мирсад Кериќ на својот Фејсбук профил напиша емотивна порака во која ќе ви го стопи срцето:

-Тато денеска е месец дена од кога те нема… Недостигаш. Но, ти засекогаш ќе останеш во нашите срца. Најдобар татко во светот, напиша неговиот син Денис.