петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 152
home Познати

15 тажни години без мама: Рада Манојловиќ објави од кого ја наследила убавината, а овие нејзини зборови ќе ве расплачат (ФОТО)

15 тажни години без мама: Рада Манојловиќ објави од кого ја наследила убавината, а овие нејзини зборови ќе ве расплачат (ФОТО)

Српската пејачка Рада Манојловиќ имала само 19 години кога останала без својата мајка Мирјана.

Мирјана на која Рада неодоливо потсетува во 2004-та година ја загуби битката со пеколната болест, но не и го сруши најголемиот сон на својата ќерка- да стане пејачка.

-Таа заслужува сите да дознаат колку беше убава и како изгледаше. Мојата убавица, мојот херој, мојот ангел, напиша пејачката минатиот декември кога објави семејна фотографија со мајка и.

Таа исто така и во минатото говорела за тоа како ја поднела болеста на нејзината мајка.

-Моментот кога дознав дека мајка ми боледува до пеколната болест за мене беше најтажен во животот. Молев Бога да оздрави, да и даде сила и верував дека ќе успее да го победи ракот, но за жал Бог сакаше поразлично. Почина во 2004 година, а јас последните мигови бев со неа. Тешко ми е да говорам за тоа бидејќи тоа ми е болна тема и моменти, а тие слики во главата никогаш нема да ги заборавам. Денот кога мама не напушти беше мојот најужасен во животот, додала Рада во една изјава во минатото.

 

View this post on Instagram

 

Ona zasluzuje da znate kako je izgledala i koliko je bila lepa ❤️ Moja lepotica, moj heroj i andjeo ❤️Mirjana❤️

A post shared by Radmila RADA MANOJLOVIC (@radamanojlovic) on

Таа исто така има изјавено и дека нејзината мајка многу сакала таа да успее во кариерата.

-Веруваше во мене, а последните денови ме советуваше што да правам во животот. Се што сум постигнала во животот и го должам на неа. Сите хитови, сите песни, концерти, сум ги посветила на мојата мајка, а секако и улогата на татко ми во мојот успех е голема и на двајцата сум им благодарна, рече Рада.

Коронавирус