петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

Звучат светски: „Brass Brothers“ ја снимија првата авторска песна (ВИДЕО)

Звучат светски: „Brass Brothers“ ја снимија првата авторска песна (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните бендови во нашата земја, атракцијата од Битола, „Brass Brothers“ конечно ја израдуваа многубројната публика со своја авторска песна.

Песната носи наслов „Време – невреме“ и верувајте, ова е песна која сме сигурни дека ќе ја ставите веднаш на вашата плеј-листа.

„Време – невреме“ е песна на која како автори на текстот се потпишуваат Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот е на познатиот пејач Димитар Андоновски. Видеото пак го изработија „Concept Production“ од Битола.

– На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во „Време – невреме“ ,не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите.Главната порака е : „СО ЉУБОВ ДА ПОБЕДИМЕ” – велат момците од „Brass Brothers“.

Тие нема да застанат само на оваа песна. Веќе се подготвува и втората, а дотогаш нив може да ги видите и слушнете буквално во секој град од нашата земја, бидејќи овие момци важат за најдобрите „мајстори“ за забава!

Погледнете го спотот:

Коронавирус