петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 0
home Музика

Зошто Австралија се натпреварува на Евровизија и што би се случило ако победи?

Зошто Австралија се натпреварува на Евровизија и што би се случило ако победи?

Австралија оваа година на Евровизија ја претставува Шелдон Рајли со песната Not the Same. Сигурно многумина се прашуваат што ќе се случи ако Австралија по некоја случајност победи. Дали следната година натпреварот ќе се одржи во Австралија и зошто Австралија воопшто се натпреварува со оглед на тоа што не е во Европа?

Објаснувањето за учеството на Австралија на натпреварот за песна на Европа можеби не е најлогично географски, но во сè друго е. Австралијците со години го следат изборот за песна на Евровизија, а нивната публика значително ја зголеми гледаноста. Во 2014 година добија официјална покана за настап во полуфиналето, но во забавниот дел од програмата.

Една година подоцна, тие добија можност да се натпреваруваат на 50-годишнината од Изборот за песна на Евровизија. Потоа автоматски се пласираа во финалето, а пејачот Гај Себастијан со својот настап заврши на петтото место. На Австралијците на крајот им беше дозволено да се натпреваруваат секоја година, со еден исклучок. Повеќе не смеат директно да се квалификуваат во финалето, туку мора да го поминат полуфиналето.

Меѓутоа, ако Австралија победи, тие ќе треба да изберат европска земја која ќе ја заврши целата работа во нивно име, но наместо нив.

Австралија не е единствената неевропска земја која се натпреварува. Тука спаѓаат Израел и Азербејџан, а организаторите се правдаат дека Евровизија не е строго географски ограничена.

Коронавирус