недела, 31. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

Живко Динев и покрај сите забрани во домашни услови сними спот за неговото – „Око забрането“ (ВИДЕО)

Живко Динев и покрај сите забрани во домашни услови сними спот за неговото – „Око забрането“ (ВИДЕО)

Корона пандемијата на сите ни ги поремети плановите, не затвори дома во 4 ѕида, погодувајќи не и здравствено, психолошки, социјално, економски… Едни од најпогодените покрај угоститеклите и туристичките работници секако се и естрадата и естрадните уметници. Токму тие се тесно поврзани со угостителско-туристичката дејност, па неможноста за настапи заради забраната за јавно собирање и затворањето на локалите, не само што естрадата ја прикова дома, туку ако вака продолжат работите, ќе ја доведе и до тотален банкрот.

Некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал, Живко Динев по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица, харизматичниот Жика  направи еден поголем потфат преработувајќи и снимајќи видеоматеријал за 15 музички бисери, чии кавер верзии беа објавени испеани од него.

Карантинот и изолацијата популарниот Жика покрај бројните онлајн настапи на социјалните мрежи во живо, сега ги искористи и за да подготви нов материјал, поточно нова авторска песна, насловена „Око забрането“. Музиката на композицијата ја потпишува хармоникашот Дарко Илиевски, додека стиховите се на Борче Нечовски. Песната Жика и пријателите ја снимија уште пред почетокот на корона пандемијата, но за жал нејзината експанзија и мерките на забрана го спречија да го сними и веќе планираниот видеоспот за истата.

Како алтернативна варијанта, Жика ги собра своите пријатели и соработници – музичари и секој од дома, во домашни услови и куќен амбиент го отсвири својот дел во живо, а вокалите се снимени во студиото Анастасија. Така собраниот видеоматеријал го монтираше и спакува во „хоум видео“ Никола Автовски, по што Живко Динев истото го промовираше на социјалните мрежи, а ние денес премиерно ви го претставуваме неговото… „Око забрането“!

Коронавирус