понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 251
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Музика

Завршен концерт за прибирање средства за Ковид-19

Завршен концерт за прибирање средства за Ковид-19

Кампањата „Глобална цел: Обединети за нашата иднина“, започната од Европската комисија и меѓународната организација „Граѓани на светот“ на 28 мај, ќе заврши со голем концерт, но и со самит на 27 јуни годинава, поточно в сабота.
Глумецот Двејн Џонсон ќе биде водител концертот, а на него од дома ќе настапат Шакира, Колдплеј, Ашер, Џенифер Хадсон, Џастин Бибер и други поп-ѕвезди и бендови од светската сцена. На сцената ќе се појават фудбалерот Дејвид Бекам, глумците Крис Рок, Форест Витакер, Салма Хајек, Шарлиз Терон, Били Портер и други.
Целта е да се поттикне дополнително финансирање за развој на вакцини, тестови и третман на коронавирусот, и нивно распространување.
На средбата на светските лидери, домаќин ќе биде претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Самитот ќе почне во сабота попладне, со говор на Фон дер Лајен, како и на други државници.

Парламентарни избори 2020