петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Музика

Запознајте ја Јова Радевска – единствената Македонка на британската музичка сцена

Запознајте ја Јова Радевска – единствената Македонка на британската музичка сцена

Таа е една од оние многуте кои оддамна ги спакуваа куферите и заминаа од дома, од родната Македонија.  Но една од ретките која не тргнала во потрага по гола егзистенција, туку многу повеќе во потрага по можност за оставрување на своите соништа.

Јова Радевска не е тотален анонимус кај нас, целосно непознато лице, зашто јавноста ќе ја запознае уште како девојченце кога почнала да учествува на детските фестивали како што се „Калинка“  во Гевгелија или подоцна „Тинс фест“ во Прилеп. По завршувањето на средното училиште се сели во Лондон, за кој како што самата вели, отсекогаш ја фасцинирал. Таму се запишува во едно реномирано музичко училиште, каде по стекнувањето на нови пријатели се раѓа музиката за нејзиниот деби албум „„Дневникот на песочниот часовник“ во 2007 година.

Средбата со искусниот музички волк, Марк Вернон и создавањето со него на дуото „Yova“ ќе и го трасира патот и ширум ќе и ги отвори вратите кон музичките пространства во кои Јова покрај Вернон ќе почне да се дружи и соработува со врвни светски музички и продуцентски имиња како:  BJ Cole (соработник на Sting, Bjork, REM, The Verve),  David Родос (соработник на легендарниот Питер Габриел од групата Genesis), Ана Фиби (соработник на Roxy Music), Алекс Томас (соработник на Johnон Кејл од легендарната група Velvet Underground)…

Целата вест за неа прочитајте ја на ВИСТИНА

Коронавирус