сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 57
home Музика

За сите кои живеат далеку од татковината Македонија: Новата песна на Влатко ќе ви ги разбуди емоциите (ВИДЕО)

За сите кои живеат далеку од татковината Македонија: Новата песна на Влатко ќе ви ги разбуди емоциите (ВИДЕО)

„Километри“ е новото музичко остварување на еден од нашите најдобри машки изведувачи, Влатко Лозаноски – Лозано.

Песна на која како автори повторно се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.

-Текстот на песната е доста емотивен и сигурен сум дека во неа ќе се пронајдат многу луѓе, особено оние кои не живеат повеќе во својата татковина, вели Лозано.