среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 148
home Музика

За која пејачка, Марина Туцаковиќ, ја напиша последната песна?!

За која пејачка, Марина Туцаковиќ, ја напиша последната песна?!

Ѕвездата на Гранд, Ивана Богичевиќ немаше ни идеја дека ќе биде сопственичка на последната песна на Марина Туцаковиќ, која почина на 19 септември, по тешко боледување.

Младата пејачка сега се огласи и раскажа за соработката со најпознатиот текстописец.

– Отсекогаш сакав Марина да ми напише песна. Еве, таа ја напиша мојата прва песна, но и последна, правена од неа за мене. Мојата менторка Ана Бекута ме донесе кај неа. Песната е напишана за 20 минути. Се сеќавам дека Марина и рече на Ана: „Ах, Анчи, ако е глупост, не ми праќај, знаеш дека сум болна“, но мојата менторка ја убеди да ја слушне мелодијата. Нејзе и се допадна и ми напиша стихови, вели Ивана и раскажува како поминала нивната средба.

– Не беше таа Марина што ја гледав на телевизија, но не сакаше да остави впечаток дека е болна, среќна беше и насмеана. Ми пушти некои од нејзините песни што ги имаше на залиха, дури планирав да земам и друга песна, но еве, виша сила, заврши Ивана.

Исто така, и Ана Бекута рече дека последен пат ја видела Марина кога отишла да ја земе песната за Ивана Богичевиќ.

– Ја видов пред еден месец кога отидов по песна што му ја напиша на мојот кандидат, рече пејачката.

Локални избори 2021