среда, 12. декември 2018. Вести денес: 0
home Музика

Владо Јаневски ќе одбележи 25 години кариера со концерт на стадионот на АРМ

Владо Јаневски ќе одбележи 25 години кариера со концерт на стадионот на АРМ

Најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата кариера ќе се одржи на 1 јуни, на стадионот на АРМ.

Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС.