среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

ВИДЕО: Тајзи ја промовираше новата песна „Сине“

ВИДЕО: Тајзи ја промовираше новата песна „Сине“

Новото видео и песна на Драган Величковски Тајзи, со наслов „Сине“ е промовирано денеска.

За овој проект, Тајзи вели дека е круна на неговата десетгодишна кариера, а последните спотови во режија на Даниел Јовески изгледаат светски. Текстот е на Тајзи, а заедно со еден од нашите најдобри продуценти, Лазар Цветковски ја направија музиката.

-Спотот е вистинско мало ремек дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба не чека во животот, вели Величковски за видео записот за „Сине“.

Снимен е на повеќе локации, во Куклици ( Кратово), тврдината Зебрњак, како и боксерските клубови од Куманово и Скопје. Шминката на Андријана Станковска го трансформираше Тајзи во старец, а продукцијата Балкатон од Србија го најави видеото како нешто што дефинитивно ќе ги помести границите и дека им е многу мило што имаат ваков талентиран артист во своите редови.