понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 104
home Музика

ВИДЕО: „Студени очи“ на Пепа Димитрова станува хит, песната доби и видео спот

ВИДЕО: „Студени очи“ на Пепа Димитрова станува хит, песната доби и видео спот

Македонската пејачка Пепа Димитрова на неодамна одржаниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“ се претстави со песната „Студени очи“.

За да биде комплетна темата, Пепа снимаше и видео спот кој го изработи Александар Пауновски, а фотографијата е на „2 С студио“.

Видеоматеријалот е снимен на неколку локации низ Македонија, а користен е олдтајмер Бјуик од 52-та година на приватен колекционер од Битола.

Инаку, автор на „Студени очи“ е Слободан Стојанов, додека текстот е на Игор Џамбазов.

Пепа Димитрова за прв пат на музичката сцена се појавува на „Охрид фест“, во 2014 година каде и беше победник на поп вечерта.

Во продолжение слушнете ја најновата песна на Пепа Димитрова која веќе е апсолутен хит на радио станиците.

Коронавирус