среда, 25. мај 2022. Вести денес: 158
home Музика

ВИДЕО: Слушни и гласај, кој е твојот фаворит за македонски претставник на Евровизија 2022

ВИДЕО: Слушни и гласај, кој е твојот фаворит за македонски претставник на Евровизија 2022

МРТ вчера ги претстави шесте избрани песни во трка за Евровизија 2022.

Пејачите во борба за пат до Торино се млади, автентични, талентирани и познати лица за македонската јавност и со огромен ентузијазам му пристапуваат на овој нов евровизиски предизвик. Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи и се подготвени целосно да ве освојат.

Покрај талентот и љубовта кон музиката, сите нив ги обединува и возбудата во пресрет на официјалното соочување на нивните евровизиски теми со публиката.

ТУКА може да ги слушнете селектираните топ 6 песни и изведувачи и да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа. Може да се гласа само еднаш за една композиција.

Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22:00ч до 04.02.2022.

Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино. Доколку дојде до изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.

Коронавирус