сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 37
home Музика

ВИДЕО: Слушнете го новиот летен хит на Кристина Поп и познатиот тиктокер Душан

ВИДЕО: Слушнете го новиот летен хит на Кристина Поп и познатиот тиктокер Душан

Совршен спој на талент и нова енергија изразени преку најновиот проект на пејачката Кристина Поп и тик токерот Душан Пауновски е она што ќе го забележите уште при првото слушање на нумерата со наслов “Беби”.

Кристина зад себе веќе има една песна под наслов “Никад доста”, а покрај талентот за музика и препознатливиот вокал, на јавноста и е позната и по своите многубројни успеси на изборите за убавина ширум светот.

Најпознатиот македонски тиктокер Душан Пауновски, познат кај помладите како whoisdushan исто така веќе има една песна насловена како “Нема дилема”.

-Целиот процес на снимање на песната и спотот беше забавен и исполнет со позитивна енергија. Се одлучивме за нешто поинакво и со задоволство можеме да кажеме дека крајниот резултат е повеќе отколку што очекувавме и е во чекор со светските трендови во музиката и продукцијата. Време е да и се случи револуција на македонската музика, велат Кристина и Душан.

Музиката и аранжманот се на Toby, додека автори на текстот покрај Toby се и Кристина и Душан. Што се однесува до спотот, снимен е на локации во Скопје и Куманово.

Коронавирус