четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 19
home Музика

ВИДЕО: „Нинанајна“ имаше најголем успех на Евровизија – по 12 години ја препеја турска пејачка

ВИДЕО: „Нинанајна“ имаше најголем успех на Евровизија – по 12 години ја препеја турска пејачка

Песната „Нинанајна“ со која Елена Ристеска нè претставуваше на Евровизија во 2006 година доби турска верзија која се вика „Tam Vakti“, а ја пее Турчинката Севтук.

Елена сподели краток дел од спотот на Инстаграм и во описот напиша: „Малку поинаква верзија на Нинанајна, преработена на турски јазик. После скоро 12 години од Евровизија, сè уште интересна за европската публика. Сепак она што останува и она што се запишува во историја на музиката се песните, сè останато е неважно…“