понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Музика

ВИДЕО: Миле Кузмановски го завршува својот нов албум, а ова е неговата најнова песна

ВИДЕО: Миле Кузмановски го завршува својот нов албум, а ова е неговата најнова песна

Македонскиот фолк пејач Миле Кузмановски ова лето напорно работи на својот нов албум, за кој најавува дека подготовките се при крај.

Пејачот вчера ја објави својата најнова песна насловена „Чадор стар“, со автор на текстот Огнен Неделковски, музика Александар Петковски во аранжман на Рубин Димкоски.

Видио записот на „Чадор стар“ е дело на Дарио Јанковиќ и неговата Генерал Продукција.

-Ова лето за мене и мојот тим е навистина работно, само пред еден месец со Дарио Јанковиќ ја спакуваме со видео запис и ,,Последен воз“, музиката и аражманот се на Рубин Димкоски, а текстот на Орце Зафировски, вели Кузмановски.