петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 133
home Музика

ВИДЕО: Лара ја „разнесе“ сцената во Штип, а „Душа“ ја освои публиката

ВИДЕО: Лара ја „разнесе“ сцената во Штип, а „Душа“ ја освои публиката

Сѐ уште пристигнуваат пофални зборови за одличниот настап и интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на овогодишниот фестивал „Макфест”, кој се одржа пред неколку дена.

Лара буквално ја „разнесе“ сцената во Штип со нејзината изведба на песната „Душа“ и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани.

Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација.

Инаку, „Душа“ е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем.

„Душа“ доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

-„Душа“ мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика, вели Лара.

Коронавирус