Музика

ВИДЕО: Филип Александровски не е во „Заблуда“, цврсто зачекори на музичката сцена

ВИДЕО: Филип Александровски не е во „Заблуда“, цврсто зачекори на музичката сцена

На македонската музичка естрада секогаш има место за нови и млади музички имиња, особено тоа е потребно последниве неколку години.

Ново лице кое со сигурност ќе го гледате и слушате во иднина е младиот и талентиран пејач Филип Александровски, кој денеска ја објави својата прва песна со наслов “Заблуда”.

Младиот Филип допрва почнува да чекори на нашата музичка сцена, а за тоа на кого да ја довери својата прва песна, воопшто не погрешил.

Имено, Филип го избра неговиот повозрасен колега – Димитар Андоновски, кој ја направи музиката и аранжманот, додека текстот е на извонредната Магдалена Ена Цветкоска.

Дека е задоволен од финалниот производ, Филип имаше само пофални зборови за авторите на песната.

-Соработката со Димитар и Магдалена на мојата прва песна беше исклучително важна за мене. Нивната професионалност и креативност беа клучни за создавање на ваков уникатен музички проект. Заедно со спонтаност и инспирација, ја создадовме песната која веќе предизвика позитивни реакции. Во иднина, планираме да продолжиме со соработка, развивајќи нови музички идеи и проекти кои ќе ги изненадат моите слушатели. Нашата цел е да создаваме македонска музика која ќе допре до срцата на луѓето, вели младиот Филип.

“Заблуда” доби и видеоспот, на кој како режисер се потпишува Алек Тасевски од “Либеро бенд”.

Инаку како што најави и Филип во неговата изјава, тој ќе продолжи да работи во иднина со поинтезивно темпо, а тоа значи нови песни, нови спотови…

 

To top