Македонскиот гитарски виртуоз и продуцент Дамир Пух го претставува својот најнов сингл – инструменталната композиција „Saffron Skies“, објавена на 7 мај 2025 година.
Целосната музика и продукција се авторско дело на Пух, а видео записот е реализиран во соработка со Наташа Миха.
Синглот претставува логично продолжение на неговиот авторски израз, по деби-албумот „Recollection“ (2017) и „Divergence“ (2022).
„Saffron Skies“ носи носталгична нишка и претставува враќање кон корените, како во звучната естетика, така и во емоционалниот израз што го дефинира Пух како уметник.