петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Музика

ВИДЕО: АББА се вратија, слушнете ги новите песни

ВИДЕО: АББА се вратија, слушнете ги новите песни

Легендарната шведска поп група АББА вчера го претстави својот нов албум „Voyage“ по 40 години.

-Снимивме нов албум, изјавија Бјорн Улвеус (76) и Бени Андерсон (74), претставувајќи го албумот во Лондон, каде што изведоа една од новите песни „I Still Have Faith in You“.

Новиот албум со 10 песни официјално ќе излезе на 5 ноември.

Шведскиот бенд беше активен од 1972 до 1982 година. Покрај Улвеус и Андерсон, групата ја сочинуваа и Ани-Фрид Лингштад (75) и Агнета Фалтског (71).

Поп групата, исто така, најави турнеја, но виртуелна со холограми на членовите. Бјорн и Бени открија дека концертот ќе трае околу час и половина и ќе бидат изведени 22 песни.

Коронавирус