среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 112
home Музика

Величенствениот ја симна Адел од тронот

Величенствениот ја симна Адел од тронот

Саундтракот од филмот „Величествениот шоумен“ остана повеќе недели на првото место на британската топ-листа од кој било албум во овој век и со тоа го сруши претходниот рекорд на Адел.

Албумот „21“ на Адел се задржа 23 недели на првата позиција, од февруари 2011 до април 2012 година, а „Величeствениот шоумен“ беше 24 недели на врвот.

Албумот од мјузиклот не излезе од топ 5 во текот на целата 2018 година и ги победи конкурентите како Џастин Тимберлејк и Камила Кабелјо. Тој содржи и неколку песни што ги пеат актерите од филмот Хју Џекман, Зендаја и Мишел Вилијамс. Изминатиов период излегоа неколку преработки на песните од поп ѕвезди како Пинк и Кели Кларксон.