недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Музика

Валери Димовска звучи и изгледа светски за „Крај“ (ВИДЕО)

Валери Димовска звучи и изгледа светски за „Крај“ (ВИДЕО)

Таа е впечатлива, талентирана и урбана девојка која и тоа како е освежување на домашната забавна музичка сцена. Дека времето на Валери Димовска допрва доаѓа, покажуваат многуте позитивни реакции кои постојано ги добива.

Деновиве ја промовираше својата нова песна и видео спот за „Крај“, која ја промовираше во целосен пакет.

Станува збор за авторско дело на самата Валери и нејзиниот веќе редовен соработник и сограѓанин, композиторот, аранжер, текстописец и продуцент Темелко Андреев, со кого заеднички ја потпишува песната, а сето тоа го визуелизирал во музичко видео, Горан Симјаноски.

Покрај авторските песни, Валери на сцената е актуелна и со повеќе соработки и гостувања, како што се дуетот со Нешо и соработката со дуото „Сирилик“, а полека го собира и материјалот за нејзиниот прв албум.
Зошто Валери одлучи да избрише сè и да стави „Крај“, дознајте во продолжение.