четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Музика

Унгарија се повлече од учеството на Евровизија, еве ја причината

Унгарија се повлече од учеството на Евровизија, еве ја причината

Нациналната телевизија објави дека Унгарија нема да учествува на Евровизија 2020.

„Гардијан“, пишува дека Унгарците се откажале од конкуренцијата затоа што Евровизија се повеќе се поврзува со ЛГБТ заедницата. Унгарците ги негираат овие обвинувања и велат дека парите наменети да одат на натпреварот во Ротердам, ќе бидат насочени директно кон поддршка на вредна музичка продукција на унгарски поп таленти.

Унгарија се натпреваруваше на натпреварот за песна на Евровизија 17 пати од 1993 година и влезе 14 пати во финалето.

Сакаме да дадеме до знаење дека не размислуваме за сексуалната ориентација на некој што се натпреварува на настан или манифестација – се вели во изјавата на МТВА.

Инаку, никој не го крие присуството на ЛГБТК културата на Евросонг. Добар дел од машките љубители на ова натпреварување се геј , а дел од натпреварувачите ги надминаа предрасудите натпреварувајќи се на Евровизија.

Многумина велат дека Евросонгот е всушност Светски куп за геј мажи.