понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 120
home Музика

Трио „Кладенец“ на сите паднати борци за Македонија им ја посветија “Мајко, земјо не плачи” (ВИДЕО)

Трио „Кладенец“ на сите паднати борци за Македонија им ја посветија “Мајко, земјо не плачи” (ВИДЕО)

Деновиве во Музејот на македонската борба, македонското изворно фолк трио “Кладенец” пред своите најблиски соработници, пријателите, поддржувачите, фановите и новинарите го промовираше најновиот видеоспот за песната насловена “Мајко земјо не плачи”. 

Оформено од Сашо Костадиновски, дипломиран етнокореолог на Факултетот за музичка уметност во Штип и Уметнички раководител на  КУД “Кирил Пејчиновиќ” Теарце, вокалното трио „Кладенец“ кое покрај Сашо уште го сочинуваат  Бобан Трпковски и Мирослав Симјановски, ги негува изворните македонски песни и со тоа придонесува во зачувување на традиционалните вредности на Македонија, а изворниот фолклор е секако една од нив.

По ланското деби со „Да си вечна земјо моја“ – тема со која вокалното трио „Кладенец“ се претстави на минатогодишниот „Лешочки фолк фест 2018“, “Мајко земјо не плачи” е нивното второ остварување кое како и првото, е визуелизирано со извонреден видеоспот.

„Ви го споделуваме новиот проект на триото „Кладенец“ насловен „Мајко земјо не плачи“ за кој триото „Кладенец“ и сите учесници во проектот ги оставија своите срца.
Проектот „Мајко земјо не плачи“ започна како идejа на 5-ти Јануари 2019 година, а заврши како производ во втората половина на март 2019 година. За тој период триото „Кладенец“ и сите соработници дадоја се од себе вложувајќи ги и сопствените животи на -15 степени на ветер, дожд и снег целиот тој период.
Како автор на музиката и аранжманот на „Мајко земјо не плачи“ се јавува добро познатиот Јован василевски, текстот е на Сашо Костадиновски, а изведувачи  се трио „Кладенец“.

Традиционални инструменти  – Горанчо Ангелов – Гајда, артисти група Сербез – Битола, комити: Благојче Киров Анчов, Новица Ѓогиев,  Иван Божиновски и најмалиот Лука Георгиев. Како арамии:  Суад Фазли и Зоран Стојчески.
Видеозаписот за песната е снимен и обработен од RED Central Production под раководство наЃорѓе Богдановски кој е воедно и продуцент, Ненад Велковски е режисер, а Милчо Силјановски сценарист.
Благодарност до Градот Крушево, сите спонзори и поддржувачи на овој проект кој го посветуваме на СИТЕ ПАДНАТИ БОРЦИ ЗА НАШАТА ТАТКОВИНА!“ – порачуваат членовите на триото во својот објавен пост на Фејсбук. 

Во продолжение погледнете го она што пред само неколку дена беше промовирано пред македонската публика.