среда, 22. март 2023. Вести денес: 194
home Музика

Тринаесет годишната Марија Спасовска ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″

Тринаесет годишната Марија Спасовска ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″

Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје, ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија 2018″ што е закажана за 25 ноември во Минск, Белорусија.

Песната испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот, со музика и аранжман на Дарко Димитров, текстот е на Елена Ристеска и Дарко Димитров.

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.

Лани, на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји учеснички, завршивме на 12 – то место.

loading...