сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 1
home Музика

Трагедија: Пејачка се струполи и почина на сцената (ВИДЕО)

Трагедија: Пејачка се струполи и почина на сцената (ВИДЕО)

Руската пејачка Фанија Калиулов почина на сцената во неделата за време на настапот во Димитровград. Фанија почина на 53-годишна возраст и, најверојатно, причината за смртта е срцев удар.

Поп-пејачката се струполи на концертот и бргу ѝ беше укажана медицинска помош, но, за жал, не можеше да се спаси. На снимката на еден обожавател се гледа испаничената публика, која во неверување ги гледа медицинските лица кои се обидуваат да ѝ помогнат на несреќната пејачка.

-Нè напушти одлична професорка, талентирана музичарка и пејачка“, објави рускиот министер за култура и му изрази сочувство на семејството на починатата Фанија.

Пејачката беше дел од татарската музичка група „Карлигач“ со која настапуваше низ целата земја.