вторник, 20. август 2019. Вести денес: 113
home Музика

Тоше Проески стана жртва на руски плагијатори: Го претставија неговиот хит како своја авторска песна (ВИДЕО)

Тоше Проески стана жртва на руски плагијатори: Го претставија неговиот хит како своја авторска песна (ВИДЕО)

Една од најпопуларните, но и најстарите руски рок групи „Землјане” која постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена, ги разгневи почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески, откако промовираше плагијат на хитот на Проески, “Боже чувај ја од зло„, а песната ја претстави како своја, авторска.

Насловот на плагијатот на „Землјане“ е „Боже“ и истата ја промовирале на музичкиот канал Јутјуб кон крајот на месец февруари годинава.

Под линкот со песната е наведен и авторскиот тим, односно под музиката е потпишан Владимир Трушин, а пак под текстот, кој е само преведен и прилагоден на руски јазик, потпишан е Владимир Киселев, кој бил еден од основачите на бендот во далечната 1978 година.

ИЗВОР: ФОКУС