сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

Тоше кога имаше 15 години пееше во филм на Џорџ Клуни и Никол Кидман (ФОТО)

Тоше се појавува во сцената снимена во црквата Свети Димитриј во Битола, како дел од црковиот хор.
Тоше кога имаше 15 години пееше во филм на Џорџ Клуни и Никол Кидман (ФОТО)

Малкумина се сеќаваат, но легендата Тоше Проески уште како петнаесет годишно момче се појави во сцена од холивудски филм, во кој главни актери се Никол Кидман и Џорџ Клуни.

„Миротворец“ (The peacemaker) беше снимен во далечната 1997 година, и е политички трилер, чии први сцени биле снимени во Македонија, односно во Битола.

Потоа снимањето продолжило во Њујорк, Филаделфија и Братислава.

Тоше се појавува во сцената снимена во црквата Свети Димитриј во Битола, како дел од црковиот хор. Филмот, кој се прикажуваше речиси во целиот свет, заработи 110 милиони долари.

Дури потоа нашиот Тоше почна да снима песни со кои го освои целиот Балкан. Да не се случеше кобната трагедија, само можеме да претпоставиме колку светскиот шоубизнис ќе му се покореше на Тоше.

Коронавирус