петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Музика

Tomorrowland и BBC со признанија за ГАЛОСКИ

Tomorrowland и BBC со признанија за ГАЛОСКИ

Најголемиот електронски музички фестивал и бренд во светот TOMORROWLAND му додели ‘FUTURE 4’ титула и го прогласи ГАЛОСКИ за артист на месец Јули. Македонскиот гениј кој е еден од најбараните диџеи и продуценти на овие простори, гостуваше  со ексклузивен 15 минутен сет на официјалното ‘ONE WORLD RADIO’ кое е достапно преку сите онлајн платформи на TOMORROWLAND.

Нашиот диџеј веќе подолг период е на радарот на најголемите играчи во светот на електронската музика.Тоа не е зачудувачки, бидејќи неговиот енергичен и мелодичен звук е тешко да остане не забележан.

Македонскиот диџеј и продуцент ги надминува сите граници со перфектно продуцирани песни кои се прифатливи на фестивали, клубови, а и одлично се вклопуваат на радио станици ширум светот, со што се издвојува како посебен артист во моментот на пазарот.

Во моментов музиката на Галоски може да најдеме во плејлистите на најголемите глобални музички ѕвезди како Тиесто, Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Стив Ајоки, Дипло и други.

Тимот на Tomorrowland е убеден дека Галоски е идната ѕвезда и дека следуваат уште многу огромни успешни изданија и настани во наредните години.

За квалитетите на Галоски потврда стигна и од најголемата медиумска куќа во светот BBC1 Radio, кое веќе неколку дена по ред го емитуваат неговото издание насловено како ‘Casualty’, кое исто така веќе брои милионски преслушувања на стриминг платформата Spotify.

Следното издание на Галоски е најавено за 13ти Август.

Коронавирус