вторник, 21. август 2018. Вести денес: 115
home Музика

Телевизија го цензурираше настапот на Албанија, одземена и е лиценцата за пренос

Телевизија го цензурираше настапот на Албанија, одземена и е лиценцата за пренос

Организаторите на Евровизија и ја одземаа лиценцата на кинеската Манго ТВ за пренос на второто полуфинале и финалната вечер зашто го цензурирала настапот на Ирска и Албанија на првото полуфинале поради ЛГБТ префроманс.

То не е во склоп со вредностите на Европскиот емитерски сојуз, инклузија и горда традиција на прославување на разноликоста низ музиката, се вели во соопштението на ЕБУ.

Манто ТВ не ја коментираше одлуката која ја побара Си-Ен-Ен.

Ирската песна е љубовна во која се зборува за врска меѓу двајца машки и има двајца танчери на сцената, додека албанскиот настап е цензуриран поради тетоважи.

Во Кина хомосексуалноста се смета за ненормално сексуално однесување што е неприкладно за кинеската телевизија, како и инцесот, сексуалното злоставување и перверзија.