среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Музика

Тараџи Хенсон ќе ги води Американските музички награди

Тараџи Хенсон ќе ги води Американските музички награди

Американската глумица Тараџи П. Хенсон потврди дека ќе биде водителка на Американските музички награди – АМА, за 2020 година.

– АМА-наградите ја обединуваат музичката заедница за да го прослават она што навистина ги придвижува сите уметници – обожавателите! Горда сум што ќе се појавам на сцената како домаќинка на овогодишната свеченост – исто така и како обожавателка – па ветувам дека ќе биде електрифицирачка музичка вечер!, изјави ѕвездата на ТВ-сериите „Империја“ и „Скриени фигури“.

Претходно Дуа Липа го најави своето учество како настапувач на сцената.

Номинациите за АМА 2020 беа објавени минатиот месец. Пет од нив освои дебитантката Меган Ди Сталион – вклучително и категориите Нов уметник на годината и Соработка на годината. Натаму, Бад Бани, Џастин Бибер, Лејди Гага, Тејлор Свифт и номинираните за првпат – Да Бејби и Доџа Кет добија по четири номинации.

Свеченото доделување ќе се одржи на 22 ноември во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес.

Коронавирус