понеделник, 22. април 2019. Вести денес: 42
home Музика

Талентираното момче од Македонија е хит на аеродромите: Со песна ги забавува патниците во Доха (ВИДЕО)

Талентираното момче од Македонија е хит на аеродромите: Со песна ги забавува патниците во Доха (ВИДЕО)

Македонецот од Австралија, Христијан Спировски, кој потекнува од Битола одржа концерт на клавир на аеродромот во Доха.

30-годишниот  Христијан, кој живее во Мелбурн, веќе подолго време е атракција на аеродромите низ целиот свет.

Младиот музичар на светските аеродроми со својата изведба на светските хитови на клавир ги воодушевува сите присутни. Христијан изведува и традиционални мелодии од Балканот.

Тој неодамна ги забавуваше патниците на аеродромот во Доха, Катар.