среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Музика

Талентираната Марија ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг (ВИДЕО)

Талентираната Марија ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг (ВИДЕО)

Марија Спасовска, ученичка во осмо одделение од Основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје ќе ја претставува Македонија на 16-то издание на Јуниорскиот Евросонг кој се оддржува на 25 ноември во Минск, Белорусија.

Како што информира Македонската радио телевизија, на 18 август се одржала аудицијата за избор на вокален интерпретатор кој ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Јуниорски Евросонг 2018. На аудицијата се пријавиле 11 кандидати, а настапиле десет.

Комисијата, како што се наведува, по преслушувањето на сите кандидати едногласно ја избра Марија Спасовска. Според мислењето на комисијата, Марија имала најдобар настап, потврдила дека поседува извонедни пејачки способности и достојно ќе ја претставува Македонија во Минск.

Марија има богато музичко искуство. Има издадено свое ЦД со вкупно седум соло песни и освоено и две втори награди на настапи во Минск, Белорусија и во Струга.

Ја доби наградата за трето место на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи. Марија има освоено и други награди и признанија на европската музичка сцена за млади таленти, а има настапувано и во неколку познати шоу програми за млади таленти во регионот каде има постигнато забележителни успеси.