среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Музика

„Стари песни, стари другари“- новата песна на „Балкан бенд“

„Стари песни, стари другари“- новата песна на „Балкан бенд“

„Стари песни, стари другари “ е насловот на новата песна на „Балкан бенд“, песна која ја промовираат заедно со спот.

Музиката, аранжманот и текстот ги доверија на двоецот Лазе и Магдалена Цветковски.

Досега, „Балкан бенд“ позади себе има 5 авторски песни и три спота, вклучувајќи ја и последната.

„Неверник“, „Зависен“, „Пелин и Мед“ и „Сам ме остави“ се првите четири хита на групата, која сериозно е посветена на создавање авторска музика, бидејќи според нивната девиза, само така квалитетот испливува на површина, а според сите коментари и прифатеност  од страна на најголеиот критичар, публиката, токму таа го препознава тоа.

Септември е месец за новитети, бидејќи уште сега се најавува и новата, шеста авторска песна која ќе биде дуетска со Сузана Гавазова, за која исто така ќе се снима и спот.

Соработката со Лазе и Магдалена продолжува и кон крајот на оваа и почетокот на следната година, за кога се планира и промоција на новата песна, овој пат балада, која одговара и за тој период од годината, а ќе биде снимена и за нашиот, но и за српскиот пазар.