четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Музика

Со оваа песна Македонија освои најголем успех на Евровизија, слушнете ја турската верзија (ВИДЕО)

Со оваа песна Македонија освои најголем успех на Евровизија, слушнете ја турската верзија (ВИДЕО)

Песната „Нинанајна“ со која Елена Ристеска нè претставуваше на Евровизија во 2006 година доби турска верзија.

„Tam Vakti“ се вика преработката на турски јазик, а е изведена од пејачката Севтуг.

Елена сподели краток дел од спотот на Instagram и во описот напиша: „Малку поинаква верзија на Нинанајна, преработена на турски јазик. После скоро 12 години од Евровизија, сè уште интересна за европската публика. Сепак она што останува и она што се запишува во историја на музиката се песните, сè останато е неважно…“

Со оваа песна, Македонија го има постигнато најголемиот успех на Евровизија. Елена во 2006-та година го зазема 12-тото место.