сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 36
home Музика

Скандал: Ќерка на руски тајкун победи на музичко натпреварување за деца, публиката збесна (ВИДЕО)

Скандал: Ќерка на руски тајкун победи на музичко натпреварување за деца, публиката збесна (ВИДЕО)

Во Русија се поништени откако истрагата утврдила дека младата ќерка на руски милионер победила благодарение на илјадници лажни гласови.

Откако 10-годишната Микела Абрамова освоила 56,5 проценти од гласовите и со тоа станала победничка на натпреварувањето, државната телевизија „Канал 1“ добила бројни реакции и тужби.

Раководството на телевизијата за да го смири  револтот  кај гледачите ја ангажирала фирмата „ Group-IB”,која се бави со безбедносни проблеми на интернет, за да открие колку гласови вистински добила ќерката на поп пејачката Алсоуе и богатиот бизнисмен Јан Абрамов.

Резултатите од истрагата брзо потврдиле дека обвинувањата за лажирање на гласови  биле на место. Имено, било откриено дека имало надворешно влијание на гласањето , а со самото тоа и на крајниот резултат, поради што изборот бил поништен.

Коронавирус