четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 0
home Музика

Секоја чест: Нашиот Мартинијан објави нова песна која со сигурност ќе ви се допадне (ВИДЕО)

Секоја чест: Нашиот Мартинијан објави нова песна која со сигурност ќе ви се допадне (ВИДЕО)

Балканската јавност го запозна како еден од најталентираните Македонци кој се натпреваруваше на „Ѕвездите на Гранд“.

За кусо време стана миленик на публиката која едвај очекуваше нов хит од него.

Мартинијан Кириловски си го исполни ветувањето кое уште одамна го даде во интервју за КУРИР, дека ќе работи напорно и ќе создава песни за својата публика.

Младиот талент Мартинијан: Пее како голема музичка ѕвезда, а гордо ја претставува Македонија

„Оквир преваре“ е насловот на неговата нова песна. Музика што веднаш “влегува во уво“, текст во кој многумина ќе се пронајдат.

И најважното, се разбира, талентираниот Мартинијан по којзнае кој пат докажува дека има прекрасен глас и силни вокални способности.

Музиката и текстот се на Видан Караѓурковски, а аранжманот на Иле Спасев.

УЖИВАЈТЕ!

ЕУРО 2020

Македонија