вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Музика

Се враќа на сцена најатрактивниот женски бенд, Никол стави милиони во џеб (ФОТО)

Се враќа на сцена најатрактивниот женски бенд, Никол стави милиони во џеб (ФОТО)

Повторно се соединува најсексапилниот женски бенд, „The Pussycat Dolls“. По десет години од распаѓањето, Никол Шерцингер потпишала милионски договор, откако подолго време одбивала да ѝ се приклучи на групата.

„Никол заработи неколку милиони фунти за да и се приклучи на групата. Таа однапред добила многу пари, што значи дека е невозможно сега да се откаже“, изјави извор за магазинот „Сан“.

Никол Шерцингер, Мелоди Торнтон, Кимберли Вајат, Ешли Робертс, Кармит Бачар и Џесика Сатом треба да тргнат на голема светска турнеја, а девојките ќе го потврдат тоа и официјално ќе го објават во следните неколку месеци.

Турнејата ќе биде огромна, а девојките ќе ги изведуваат своите најголеми хитови, додека има и гласини дека може да снимаат нови песни.