петок, 29. јули 2022. Вести денес: 137
home Музика

Се откажа од алкохолот и ја освои публиката со емоции: На Македонец “пред нос“ му избега победата во Ѕвездите на Гранд

Се откажа од алкохолот и ја освои публиката со емоции: На Македонец “пред нос“ му избега победата во Ѕвездите на Гранд

Вечеравечер се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а победата по тензично гласање ја однесе Нермин Ханџиќ кој има само 19 години.

Второто место го освои македонскиот претставник Александар Јосифовски.

Јосифовски и лани беше меѓу финалистите на регионалното шоу. Откако влезе во финалето, неговиот ментор Ѓорѓе Давид се расплака и кажа дека Александар до лани бил зависен од алкохол.

Давид го убедил дека мора да зема блокатори, да престане да пие и да се врати на прав пат, а Александар прифатил и се придржувал до нивниот договор.

Ова е голем успех за талентираниот Македонец.

Коронавирус