среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Музика

Саша Ковачевиќ во интервју за КУРИР: Од Македонија имам само попатни девојки, а еве кое „забрането“ македонско јадење му е омилено

Саша Ковачевиќ во интервју за КУРИР: Од Македонија имам само попатни девојки, а еве кое „забрането“ македонско јадење му е омилено

Најнапред Добро дојдовте во Македонија, по не знам кој пат, како се чувствувате тука?

-Добро ве најдов, феноменално, навистина од вчера не прекинавме со давање на интервјуа и промоција на концертот, така да ете го користиме убавото време и уживаме со Македонците.

Каква е македонската публика и дали ви буди спомени?

-Повторно по не знам кој пат повторувам дека тука се чувствувам како дома и многу ја сакам македонската публика и се радувам на секој наш настап или концерт тука.

Што може да очекуваат фановите од вашиот концерт на 6-ти април во Арената „Борис Трајковски“?

-Добра енергија   емотивни моменти, смеење и солзи најверојатно и се што буди некое убаво чувство на сите нас.

Наскоро го најавивте вашиот нов спот и песна која ќе излезе набрзо, дали тоа ќе биде пред концертот?

-Тоа ни е засега план, планираме една недела пред концертот, овие денови ги користиме за реализирање на спотот и верувам дека публиката ќе биде воодушевена од она што го подготвуваме.

Зошто Мароко? Зошто го избегнувате Балканот и снимате надвор?

-Оваа песна има такви некои ориент мотиви и нешто што потсетува на таа култура и откако го направивме текстот и сценариото го видовме Мароко како една од солуциите. Не е нешто што беше одредено дека мора да биде Мароко, но велам сценариото и текстот ми делуваше дека таму можеме да снимаме. Побаравме филмска продукција и филмски студија и најдовме локации кои ни одговараат за ова видео и повторно ќе кажам нешто сосема поразлично од мене.

Сите девојки очигледно го очекуваат вашиот одговорот на следново прашање, а тоа е дали Саша Ковачевиќ имал девојка од Македонија?

-Дали имам или сум имал? Никогаш не сум се забавувал, кога ќе кажам забавувам мислам на некој долг период, со оглед дека долги години пеам ширум цела Македонија секако дека тука биле доста познаници, другарки и некои попатни случувања, но сум немал стална врска во Македонија.

Ве станавме сега од ручек и следново мое прашање е дали имате некое традиционално македонско јадење кое ви оставило најмногу впечаток.

-Целата македонска кујна ми се свиѓа, знам за пастрмајлијата дека ми е супер, но поради мојата исхрана не јадам често, но навистина сметам дека сте сериозни гурмани и имате феноменална кујна. Каде и да седнам ширум цела Македонија јадам секогаш и тоа е навистина за оценка 10-ка.

На крајот да ни раскажете некоја случка или анегдота поврзана со Македонија, концертите, познаниците?

-Па не би издвоил ништо претерано како анегдота, освен тоа што често настапуваме и имаме симпатични ситуации. Во главно кога настапувате со бенд каков што јас имам, а тие се навистина духовити, тогаш секое наше патување е духовит, така да се вклопуваме ментално и секогаш има по некоја анегдота, но тоа можеме заедно со нив, бидејќи тие се многу поинспиративни од мене.