петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Музика

Саша Ковачевиќ крена температура, илјадници жени полудеа по пејачот

Саша Ковачевиќ крена температура, илјадници жени полудеа по пејачот

Со овации и со вресоци беше пречекана српската ѕвезда Саша Ковачевиќ, на концертот во ВИП Арената во Скопје. Главно женската публика своите телефони ги имаше подготвено уште пред Ковачевиќ да се појави на сцената, за да не пропушти да сними ниту еден детаљ од настапот на својот миленик за социјалните мрежи.

Најголемата турканица се создаде во првите редови. Обожавателките, обидувајќи се да го допрат, му ги довикуваат стиховите од хитотовите. Ковачевиќ ја испеа и новата песна насловена „Преварена“, а на крајот од песната зачуден од фактот дека публиката за кратко време го научила текстот.

Една од повеселите негови песни со која кулминираше атмосферата „Температура“ ја испеа на средина на концертот.

Температурата беше висока во текот на целата забава, а песните од прв до последен стих, Саша како да ги пееше во придружба на хор, неговата верна публика.