понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 58
home Музика

Сара Мејс денеска го покажа своето „Копито“ (ВИДЕО)

Сара Мејс денеска го покажа своето „Копито“ (ВИДЕО)

Денеска, кога сите се насочени со вниманието кон доаѓањето на папата во нашата земја, Сара Мејс реши да ја објави соработката со Александар Ристески – Принц, насловена „Копито“, која е дел од проектот Femme Fatale. Песната е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс е миксан согласно потребите за Femme Fatale.

„Ова за мене беше ново преубаво искуство, можност да пробам нешто поразлично во музиката, еден различен стил, кој се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку од секогаш сум ја почитувала работата на Принц и неговата музика и затоа веднаш ја прифатив соработката во овој проект, кој има специфичен звук.“ – изјави Сара Мејс.

Освен „фаталните“ девојки, проектот има и „посилна“ страна, која ја сочинуваат Александар Ристевски – Принц на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Спотот за оваа песна се работи во моментов и истиот треба да излезе до крај на месецов, a специфичната фотосесија ја изработи Дарко Мораитов.