среда, 5. август 2020. Вести денес: 14
home Музика

Сања Барби измеша рап и турбо-фолк: Ваква песна на македонската сцена уште немате слушнато (ВИДЕО)

Сања Барби измеша рап и турбо-фолк: Ваква песна на македонската сцена уште немате слушнато (ВИДЕО)

Фолкерката Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев. Станува збор за рефрен кој што го потпишуваат Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.

-Темата е модерна, летна и сите прогнози се дека ќе прерасне во вистински хит. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне ова што го сработивме заедно со тимот, станува збор за нов звук, нешто што досега кај нас го немало и сигурна сум дека ќе имаме позитивен фидбек, вели Сања која во спотот се појавува во неколку провокативни комбинации, а задолжени за стајлинзите и изгледот беа Викторија Петров Бурсаќ и Даниел Николовски.

Сања вели и дека искрено се надева оти наскоро ќе може да им се врати на настапите и потенцира колку многу и недостасува дружбата со публиката.

-Се надевам дека наскоро ќе се врати се во нормала и дека публиката ќе има можност да ја чуе во живо „Барбика кралица“, додаде пејачката.

Коронавирус