сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 56
home Музика

„Само за нас“ е новата песна на Филип Пешевски

„Само за нас“ е новата песна на Филип Пешевски

Минатата година песната „Без оглед на сè“ од нашата музичка ѕвезда Филип Пешевски стана вистински хит, оваа година во март тој промовираше уште една песна и видео запис насловена како „Ти ми стоиш најдобро“, а коментарите за овие две музички ремек дела беа само најдобри.

Но Филип не сопира тука, тој вчера промовираше уште една песна и видео запис за истата насловена како „Само за нас“.

Станува збор за тема на која како автор на музиката се потпишува самиот Филип Пешевски во соработка со младиот продуцент Тоше Арнаудовски, стиховите во песната се лично на Филип Пешевски.

Стиховите во песната совршено се совпаѓаат со видео записот, а згодната и атрактивна девојка во спотот на Филип само ја соединува „кулата“ која тој започна да ја гради со оваа песна, која според нашите проценки  за брзо време ќе стане вистински хит.

Ако пред една година го нарекуваа младиот и талентиран пејач, денес слободно може да кажеме дека Филип Пешевски го зазема едно од водечките места на македонската музичка естрада. Доколуку вака продолжи, Филип Пешевски го очекува сјајна и блескава карирера. Со среќа!

Во продолжение послушајте ја песната и проследете го видеото за „Само за нас“: 

Коронавирус